Top Sport

ММА: Валкан Бразилец? Ковингтон доби бумеранг во глава

Колги Ковингтон, кандидатот за УФЦ титулата во велтер категорија, вели дека ќе го тужи бразилскиот ривал Фабрицио Вердум по инцидентот кој се случи во Сиднеј, Австралија.

Вердум за бразилските медиуми изјави дека поминувал покрај Ковингтон, кој го нарекол „валкан Бразилец“, по што тој му го турнал телефонот од рака и настанала мешаница. Ковингтон тврди дека добил бумеранг во главата.

„Тој се за.ба! Има видео и наскоро ќе заврши во австралиски затвор“, вели Ковингтон.

Вердум ќе се бори со Марсин Тибура во главното шоу на УФЦ Сиднеј во сабота и демантира дека го удрил Американецот.

„Да го удрев во лице, ќе беше во болница. Тој блада. Не знам зошто сака да зборува за Бразилците. Сака да биде Конор Мекгрегор?“, изјави Ковингтон.

 

Ковингтон не застана тука. Во видеото во живо кое го постираше тој продолжи со нападите на Бразил, кои почнаа кога го победи Бразилецот Демијан Маја минатиот месец во Сао Пауло. По тој меч, полицијата мораше да го „вади“ Американецот од салата по коментарите за Бразилците.

„Е.и го Бразил! Е.и го Фабрисио Вердум, мала кучка. Тоа е група валкани животни“, изјави Ковингтон.

Scroll to Top