Top Sport

Моја: Кариерата на Ѓоковиќ е во сериозна опасност

Поранешниот светски број 1, а сега тренер на Рафаел Надал, Карлос Моја смета дека Новак Ѓоковиќ ризикува да си ја уништи кариерата поради одбивањето да се вакцинира откако Србинот го пропушти Австралија опен по долгата легална битка пред визата да му биде поништена, по што токму Надал стигна до 21. гренд слем трофеј.

„Не мислам дека Ѓоковиќ е анти-ваксер, но секогаш го ценел своето право на избор. Сега, сепак, се наоѓа во тешка ситуација, иако не верувам дека победата на Рафа ќе го смени неговото мислење. Но, станува јасно дека ако не се вакцинира, тогаш ќе падне во битката која ја водеше толку долго време. Ќе му биде многу тешко да се натпреварува на гренд слем турнирите и неговата кариера ќе биде во сериозна опасност“, вели Моја во интервју за каталонското радио.

Scroll to Top