Top Sport

Фудбалер на Боро не можел да верува колку е убав Кристијано Роналдо

Фудбалерот на Мидлзборо, Даел Фрај признава дека не можел да поверува колку е убав Кристијано Роналдо во вистинскиот живот, откако во петокот го елиминираа Манчестер јунајтед во ФА купот со победа на пенали.

24-годишниот Фрај беше стартер за второлигашот во мечот и беше задолжен да го „маркира“ Португалецот, иако признава дека „не се осмелил“ да го погледне во лице 37-годишниот ветеран.

„Искрено, не се осмелив да го погледнам во лице, и кога го направив тоа прво си помислив: ‘Колку е вештачки’. Но, тој е многу убав во живо. Си реков: ‘Вау!’“, открива Фрај.

Scroll to Top