Top Sport

Моја: Рафа има план за Новак на Ролан Гарос

Рафаел Надал има план како да го победи Новак Ѓоковиќ во денешното финале на Ролан Гарос, вели неговиот тренер и поранешен светски број 1, Карлос Моја.

Најдобрите двајца тенисери на денешницата се подготвуваат за својата неверојатна 56-та пресметка во светскиот тенис, кога двајцата ќе се борат за историја на „Филип Шартие“ во Париз. Надал ќе се обиде да го израмни рекордот на Роџер Федерер од 20 гренд слем трофеи со победа, додека со победа Ѓоковиќ ќе стане првиот тенисер во историјата кој победил на сите гренд слем турнири барем двапати.

Историски, Надал доминира во Париз со 12 трофеи од француската престолнина, но Ѓоковиќ се врати во фантастична форма, а временските услови овојпат не се во корист на Шпанецот.

„Се работи за голем предизвик, бидејќи очигледно Ѓоковиќ е еден од најголемите тенисери во историјата. Не знам дали ќе биде потешко од дуел со Федерер на Вимблдон, но верувајте, ние имаме план. Ѓоковиќ во последните две недели користеше многу скратени удари и ќе мораме да бидеме подготвени за тоа. Сервисот не е толку опасен, и нема да влијае многу на директните поени“, проценува Моја.

Мечот кој почнува во 15 часот, ќе биде рекорден 56-ти меѓу двајцата тенисери, што е рекорд за најмногу меѓусебни мечеви во Опен ерата, и слична бројка носи само дуелот Ѓоковиќ-Федерер, кои играле 50 пати.

Покрај тоа, двајцата играле најмногу пати на еден гренд слем – дури седум пати во Париз, каде што Надал победил шест пати, а Ѓоковиќ двапати. Од друга страна, Ѓоковиќ е само еден од двајцата тенисери кои успеале да го победат Надал на Ролан Гарос, покрај Швеѓанецот Робин Содерлинг. Ова ќе биде деветти дуел во гренд слем финале.

Scroll to Top