Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го одби барањето на 13 руски спортисти и двајца тренери да учествуваат на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг, откако Судот за спортска арбитража (ЦАС) ги прифати нивните жалби на доживотните суспензии поради користење на допинг.
Споретистите и тренерите беа меѓу 28. Руси чии доживотни забрани изречени од страна на МОК беа суспендирани од судот во Лозана изминатиот четврток. Веднаш по одлуката на ЦАС, Олимпискиот комитет на Русија побара од МОК на спортистите да им овозможи да настапат во Пјонгчанг.
Сепак, во понеделникот МОК излезе со соопштение во кое наведува дека детални бил испитан секој случај и дека нема никаков сомнеж дека суспендираните не ги почитувале анти-допинг правилата.
„По деталната налаиза, забележавме дека постојат дополнителни елементи или докази кои Освалдската комисија не можеше да ги разгледа бидејќи не и беа достапни што само ги зголеми сомнежите за интегритетот на овие спортисти“, се наведува во соопштението.
Русите во Пјонгчанг ќе се натпреваруваат под неутрално знаме и под името „олимпијци од Русија“. За настап се пријавени 168 спортисти.
Зимските олимписки игри ќе започнат на 9.февруари.