Top Sport

МОК верува дека Јапонците ќе се „одбранат“ од допингот

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) очекува дека Јапонија ќе се избори со допингот кога во 20220 година ќе биде домаќин на Летните олимписки игри.

„Јапонија е една од водечките држави во борбата со допингот: Имате силно законодавство, јак анти-допинг систем и мислам дека не треба да стравуваме“, рекол потпретседателот на МОК, Џон Коатес, за време на својата посета на Токио.

Според неговите зборови, јапонските организатори ги исполниле своите обврски бидејќи веднаш обезбедиле акредитирана анти-допинг лабораторија, која ги задоволува највисоките стандарди.

„Не можеме да бидеме опуштени, но Јапонија со години поставува темели за анти-допинг системите“, дополнил Коатес.

Инаку, за време на посетата на Коатес, Јапонците објавија дека конечниот буџет за ОИ во Токио, кој првично бил проектиран на 12 милијарди долари, ќе биде намален за една милијарда.

Scroll to Top