Холанѓанецот Бауке Молема имаше совршен напад за победа на традиционално последната трка во велосипедската трка, Ил Ломбардија (поранешна Торино-Милано).
Молема (Трек-Сегафредо) успеа да најде шанса за напад на искачувањето Чивиљо, за да триумфира на последната „монументална“ трка од сезоната. Алехандро Валверде (Мовистар) го освои второто место, додека трет беше шампионот од Тур де Франс, Еган Бернал (Инеос). 39-годишниот Валверде имаше фантастична шанса да стигне до својата прва победа на оваа трка, додека фаворитот пред трката, Примож Роглич (Џамбо-Висма) беше само седми.
„Знаев дека можам да тргнам во напад на Чивиљо. Ја познавам надолнината многу добро и знаев дека нема да можат да ме стигнат во финишот. Последните 10 километри одев до крај“, изјави Молема, кој е прв Холанѓанец по 40 години со победа на Ил Ломбардија.
We can’t say it better than this ⤵️#IlLombardia ?? pic.twitter.com/yxDMnp4noD
— Trek-Segafredo (@TrekSegafredo) October 12, 2019