Швајцарецот Урс Крајнбихл, се здобил со тешки повреди, на спустот во Кицбил. На легендарната патека „Штрајф“, пред влезот во целта, Крајнбихл „летал“ десетици метри при брзина од 150 километри на час.
Кога се приземји настана молк во Кицбил.
Првичните информации говорат дека Крајнбихл има тешки повреди на главата и дека не може да зборува.
Претходно, на патеката падна и Американецот Рајан Кокран-Сигл, но по кратката пауза трката продолжи.