Гаел Момфис во машка и Ешли Барти во женска конкуренција победија на АТп турнирот во Аделаида. Монфис во финалето го победи првиот носител Карен Хачанов, додека Барти беше подобра од Елена Рибакина.
Машкото финале траеше 80 минути. Монфис славеше со 6/4, 6/4. Во двата сета, тенисерот од Франција, успеа да направи брејк во десеттиот гем.
Монфис, во моментов 21. на АТП листата, ја освои 11.титула во кариерата.
Во женското финале, Барти доминираше против Рибакина. Австралијката за 65 минути го доби мечот со 6/3, 6/2.
Барти ја освои 14.титула во кариерата и на најдобар начин го најави учеството на Австралија опен.