Top Sport

Мондо Дуплантис недостижен во скокот со стап, за малку до светскиот рекорд

Шведскиот ас Арманд „Мондо“ Дуплантис уште еднаш покажа дека е најдобриот натпреварувач во скок со стап на денешницата, стигнувајќи лесно до олимпиското злато со прескокнати 6.02 метри, по што имаше три интересни обиди да го подобри својот светски рекорд  (6.18) и беше блиску до 6.19 метри.

Наследникот на Сергеј Бубка, во основа немаше вистинска конкруренција – Американецот Кристофер Нилсен прескокна 5.97 метри, Бразилецот Тијаго Браз заврши на 5.87 метри, додека преостанатите скокачи, вклучувајќи го и поранешниот светски рекордер, Рену Лавилени не успеаја да ја прескокнат првата височина од 5.87.

Дуплантис веднаш отиде на 5.92 метри, по што од прва ги прескокна 5.97 и 6.02.

Scroll to Top