Гаел Монфис со пресврт стигна до 1:6/6:4/6:2 победа над Мартон Фучович за да обезбеди пресметка со Роџер Федерер на Мастерсот во Мадрид, но повеќе од победата „вредеше“ најневеројатниот тениски потег кој сме го виделе во последните неколку години.
32-годишниот Французин секогаш бил сметан за еден од тенисерите со кои спектаклот е загарантиран, потегот на теренот број 5 е навистина „вонземски“. Откако го загуби првиот сет со 6:1, Монфис водеше со 5:3, кога го направи неверојатниот удар. Кога Фучович се обидуваше да го „скрати“ поенот со скратена топка, Монфис се излизга на теренот за да направи ретурн со лоб на другата страна… Поедноставно од објаснувањето е само да го видите и да поверувате…