Top Sport

Монфис го „суреди“ Медведев, Ѓоковиќ повторно број 1

Владеењето на првото место на АТП листата на Русинот Данил Медведев траеше само две недели, откако тој загуби во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс од Французинот Гаел Монфис со 4:6/6:3/6:1.

Со поразот, тој дозволи Новак Ѓоковиќ од понеделник да се врати на првото место иако Србинот ги пропушта американските Мастерс турнири поради тоа што не е вакциниран и не може да добие виза за САД.

На Медведев му беше потребно да дојде барем до четврт-финалето во калифорниската пустина, но сега останува на 8.410 поени, додека Ѓоковиќ ќе биде прв со 8.465 поени. Од понеделник, Србинот ќе ја почне својата 362. недела на врвот на АТП листата.

Русинот својот прв меч како број 1 (засега и единствен), започна одлично освојувајќи го првиот сет со 6:4, но потоа францускиот ветеран покажа дел од својот фантастичен талент за да стигне до убедлива победа. Медведев, инаку, доби дозвола да настапува на тениските турнири, но како неутрален спортист.

Scroll to Top