Top Sport

„Морам да те штипнам за да видам дали си човек“

Барбара Шет, поранешна тенисерка, а сега новинарка во „Еуроспорт“, пред интервјуто со Новак Ѓоковиќ се пошегува со српскиот тенисер.

Ѓоковиќ го декласира Алекс де Минор (6:2, 6:1, 6:2) и се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, а по мечот даде интервју за „Еуроспорт“.

Пред да го постави првото праѓање Барбара Шет, реши двапати да го штипне српскиот тенисер за да види дека тој сепак е вистински.

„Леле, каков меч, морам да те штипнам да видам дали си човек“, рече Шет и додаде:

„Да, мислам дека си“.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со петтиот носител Русинот Андреј Рубљев.

Scroll to Top