Top Sport

Морезмо мораше да се извинува за изјавата дека женскиот тенис не е атрактивен

Директорката на Ролан Гарос, Амели Морезмо се извини за изјавата дека машкиот тенис е „попривлечен“ од женскиот, објаснувајќи го распоредот на натпреварувања на гренд слемот, каде што имаше 9 мшки мечеви во ноќните термини и само еден женски меч.

„Во оваа ера кога сме сега, не чувствувам, како поранешна тенисерка дека ќе биде нефер да кажам дека машкиот тенис е попривлечен. Тоа е причината поради која е таков распоредот“, изјави Морезмо.

По критиките од повеќе тенисерки, вклучувајќи ја и светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек, Морезмо мораше да се извини.

„Коментарите кои ги направив беа извадени од контекст. Сакам да се извинам на тенисерките за тоа што го кажав. Сите кои ме познаваат, на теренот и надвор од него во мојата кариера, знаат дека сум за подобрување на женскиот тенис. Распоредот на ноќните мечеви е таков бидејќи има само еден таков меч, и мислам дека тоа е фер распоред за тие кои купиле билети“, изјави Морезмо.

 

 

Scroll to Top