Top Sport

Московјанката Елена Рибакина ја крена титулата од Вимблдон

Елена Рибакина, Русинката која од 2018 година настапува под знамето на Казахстан, ја освои својата прва гренд слем титула, триумфирајќи во финалето на Вимблдон над Тунижанката Онс Жабер со 3:6/6:2/6:2, и во исто време засрамувајќи ги организаторите на најелитниот светски турнир, кој претходно им во контроверзна одлука забрани на руските и белоруските тенисери да настапуваат на турнирот.

23-годишната московјанка, Рибакина, во 2018 година ја прифати понудата за финансиска помош од Казахстанската тениска федерација откако сметаше дека нема доволно поддршка во Русија, и сега врати со носење на прва гренд слем титула на азиската држава.

Рибакина, за разлика од повеќето професионални тенисерки, почна релативно доцна со тенисот, на своите 14 години, и откако не успеа да ги убеди дека луѓето во Руската тениска федерација дека е доволно добра за да добие поддршка, реши да настапува за Казахстан. Таа својата прва ВТА титула ја освои на 20 години во 2019 година, за следната сезона да стане првата казахстанска тенисерка со пласман во топ 20 на ВТА листата.

Во финале во кое и двете тенисерки одеа по историја, Жабер, првата арапска тенисерка во финале на еден голем турнир, почна одлично, правејќи брејк веќе во третиот гем за 2:1 водство и за освојување на сетот по половина час игра. Меѓутоа, веднаш на почетокот на вториот сет, Рибакина направи брејк за потоа со уште еден брејк да израмни на 1:1. Таа веднаш направи брејк и на стартот на последниот сет, за Жабер да пропушти три брејк топки во шестиот гем и да пропушти шанса да се врати во мечот.

Scroll to Top