Top Sport

Баерн стравуваа дека Толисо добил срцев удар на тренинг!

Баерн Минхен го прекинале денешниот тренинг по стравувањата дека Французинот Корентин Толисо добил срцев удар, објавуваат германските медиуми.

Според „Билд“, фудбалерот од средниот ред, одеднаш застанал на тренингот и седнал на тревата држејќи ги градите. Тренерот Нико Ковач веднаш го прекинал тренингот, а докторот на клубот Петер Иблакер бил повикан да го провери 25-годишниот Толисо.

Баерн потврдија дека имал „мал здравствен проблем“ на францускиот фудбалер, но објаснуваат дека се работело само за вртоглавица.

Scroll to Top