Олимписката шампионка Далалјла Мухамад постави нов светски рекорд во дисциплината 400 метри со пречки. Оваа 29 годишна Американка на Националното првенство на САД го собори 16 години стариот рекорд на Јулија Печонкина од Русија.
Времето на новиот светски рекорд на 400 метри со пречки изнесува 52.20 секунди и е за 14 стотинки побрз од времето на Печинкова.
„Шокирана сум. Го бркав тоа време на тренинзите и мојот тренер говореше дека нема шанси да го соборам. Но овие 52 секунди ќе бидат соборени, ако не од мене тогаш од некоја друга девојка“, рекла Мухамад.
Новата светска рекордерка во трката ги победи Сидни Меклафин и Ешли Спенсер. Овие три девојки заедно со светската шампионка Кори Картер ќе бидат претставнички на САД во оваа дисциплина на Светското првенство во Доха.