Ига Швјонтек ја одбрани титулата на Ролан Гарос. Тенисерката од Полска во драматичното финале ја победи Каролина Мухова со 6/2, 5/7, 6/4. Мечот траеше два часа и 50 минути.
Швјонтек трет пат во кариерата победи на Ролан Гарос, претходно тоа го направи во 2020 и 2022 година.
Водечката на ВТА листата, одигра изклучително добар тутрнир, на патот до титулата сагиби само еден сет.
Швјонтек фуриозно го започна мечот, лесно го доби првиот сет, а се чинеше дека експресно ќе дојде до победата, кога во вториот гем натправи брејк и поведе со 3:0. Од тој момент Мухова започна да игра како што играше против Сабаленка во полуфиналето.
Го врати брејкот, а во неизвесната завршница успеа во 12. гем да одсервира за израмнување.
Чехињата беше во налет, со брејк го почна решавачкиот сет, но на крајот попушти под притискот.
43. на ВТА листата, која го одигра своето прво грен слем финале, во третиот сет два пати имаше брејк предност но не успеа да победи. Во клучните моменти правеше грешки кои Швјонтек знаеше да ги искористи.