Top Sport

Мухова спаси меч-топка, па ја доби „војната“ со Сабаленка за прво гренд слем финале

Чехинката Каролина Мухова се пласираше во своето прво гренд слем финале, откако во луда битка од 3 часа и 17 минути, ја изненади втората носителка и шампионка од Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка со 7:6(5)/6:7(5)/7:5. Во големото финале на Ролан Гарос, таа ќе се судри или со актуелната шампионка и светска тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек или со бразилското изненадување, Беатриз Хадад Маја.

Во неверојатно израмнет меч, со многу пресврти, но и многу неизнудени грешки, Сабаленка беше на чекор од победата, кога поведе со 5:2 во третиот сет, и дури дојде до меч-топка. Но, Мухова успеа да се спаси, да направи два брејка, и да се пласира во финалето, нејзин најголем успех на гренд слем турнирите.

26-годишната Мухова во моментов е на 43. место на ВТА листата и во својата кариера има само една титула, Кореја опен во 2019 година, по што повеќе пати паузираше од тенисот поарди низа повреди.

Scroll to Top