Top Sport

Муратоглу: Федерер планираше проштална турнеја оваа година

Во интервју со весникот „Ест Франс“, тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу го коментираше враќањето на Роџер Федерер на терените на земја првпат од 2016 година, што според него е доказ дека Швајцарецот планирал да се прости од тенисот оваа сезона.

„За францускиот тенис тоа е одлична вест. Мислам дека бидејќи ова ќе биде негова последна година во тенисот, тој сака да игра на сите четири гренд слема. Ваков избор беше незамислив пред три години. Тој изјави дека не е поради тоа, но оваа одлука најверојатно значи дека нема да оди сериозно на титулата на Вимблдон, туку дека сака да игра на сите гренд слема. Не гледам друго рационално објаснување, бидејќи Роџер е многу рационален во секоја одлука што ја прави“, вели Муратоглу.

37-годишниот Федерер претходните три сезони ја прескокнуваше целата сезона на земја за да дојде подготвен на Вимблдон, неговиот омилен турнир.

Scroll to Top