Top Sport

На кого му „урлаше“ Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ во интересен, бурен и драматичен меч го совлада Тејлор Фриц на Австралија опен (на меч на кој публиката беше „избркана“ поради локдаунот во Мелбурн), но најинтересниот момент се случи на почетокот на мечот, уште во првиот сет, кога Ѓоковиќ заработи свирежи од публиката, откако викаше кон својот „бокс“.

„Кажи! Кажи! Те чекам пола час“, вика Ѓоковиќ во необичното видео.

Се верува дека „мета“ на ова викање беше тренерот Горан Иванишевиќ, кој очигледно, не му ги давал потребните совети.

Scroll to Top