Top Sport

„Златната ракавица“ во Премиерлигата е за Едерсон од Сити

Бразилецот Едерсон, чуварот на мрежата на вице-шампионот во Премиерлигата ја освои „Златната ракавица“ затоа што сезонава најмногу пати имал „чиста мрежа“, дури 16.

Во последното коло наградата му избега од раце на младиот голман на Барнли, Ник Поуп. Тој имаше ист скор како и Едерсон (по 15) пред денешните мечеви, но денеска Барнли загуби од Брајтон со 1-2 и наградата отиде кај Бразилецот.

Густо беше на третата позиција. Таму се најдоа дури петмина голмани (Де Хеа, Руи Патрисио, Хендерсон, Алисон, Шмајхел). Сите имаа по 13 „чисти мрежи“.

Интересен е податокот за голманот на Челси, Кепа Аризабалага. Тој имаше само 8 меча без примен гол, а сезоната ја заврши со очајни 54,5% одбранети удари.

Scroll to Top