Ри-мечот за титулите во тешка категорија помеѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз Јуниор во Дирјах, Саудиска Арабија нема да ги има препознатливите девојки кои ги претставуваат рундите на мечот, поради „почитување на локалните обичаи“.
Мексиканецот Руиз ќе ги брани појасите кои сензационално ги освои од Џошуа оваа година на 7 декември на стадионот со 15 илјади седишта во меч, наречен „Судир на дините“.
30-годишниот Џошуа беше непоразен пред мечот во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк во јуни, беше нокаутиран во седмата рунда од Руиз за да ги загуби ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО титулите вп тешка категорија. Бидејќи во клаузулата од договорот за мечот имаше задолжителна опција за ри-меч, Руиз мораше да го прифати дуелот.