Top Sport

На Русите им се заканува четиригодишна олимписка суспензија!

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) строго ги осуди одговорните за манипулирање на податоците од допинг-тестовите во лабораторијата во Москва, откако Светската анти-допинг агенција (ВАДА) препорача Русија да добие четиригодишна суспензија од Олимписките игри.

Ова доаѓа откако независниот борд за Русија процени дека податоците добиени од лабораторијата во Москва се „наместени“. ИОЦ бара „построги казни“ за одговорните бидејќи се работи за манипулација и нарушување на кредибилитетот на спортот.

„ Потребни се вистинските податоци за да се дојде до правда, виновните да се казнат и невините да се заштитат. На ваков начин, нема да има сенка на новата генерација на чисти руски спортисти“, се вели во соопштението на ИОЦ.

Русија доби суспензија од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг минатата година поради наводите за државно поддржуван допинг на ЗОИ во Сочи во 2014 година, но дел од руските спортисти можеа да се натпреваруваат под неутрално знаме.

Scroll to Top