Top Sport

На Шарапова и преседна враќањето во Москва

Марија Шарапова загуби со 7:6(3)/6:4 од словачката тенисерка, Магдалена Рибарикова на Кремљ купот во Москва, нејзиниот прв меч во Русија по враќањето од допинг-суспензијата.

Петкратната гренд слем шампионка во неделата го освои трофејот од Тијанџин опен, меѓутоа ниту гласната публика која постојано извикуваше „Маша! Маша!“, не и помогна да ја совлада упорната Словачка. Ова беше прв настап на Шарапова на нејзиниот домашен турнир од 2007 година. Шарапова скокна на 57. место на ВТА листата по неделната победа во Тијанџин, а мечот со Рибарикова беше нејзин петти меч во последните седум години.

Scroll to Top