Top Sport

Болт ќе „истрча“ на Ф1 стартот во Тексас

Атлетската суперѕвезда Јусеин Болт ќе ја има честа да го стартува формирачкиот круг на Американското ГП во Остин, Тексас, прво откако спортот доби нови американски сопственици во „Либерти медија“.

Болт, светскиот рекордер на 100 и 200 метри, се приклучува на многу ѕвезди кои ќе бидат присутни во Тексас овој викенд. Возачите ќе бидат пречекани на стартот од познатиот американски најавувач на боксерски мечеви, Мајкл Бафер, а пред трката ќе има шоу со Стиви Вондер и чирлидерките на НФЛ тимот Далас каубојс.

Џастин Тимберлејк ќе има концерт во саботата, поради што квалификациите за трката ќе се одржат во 16 часот по локално време (23 часот по македонско време).

Со ова станува јасно дека новите американски газди на спортот сакаат да го американизираат шоуто за единствената трка во САД, нешто што го признава и комерцијалниот шеф на спортот, Шон Бречис.

„Секоја ГП трка мора да има повеќе нивоа на забава за гледачите. САД е место каде што спортските настани се и забавни настани, така што сакаме да направиме нешто со што ќе ги надминеме границите меѓу спортот и шоуто“, изјави Бречис.

Scroll to Top