Top Sport

На тренинг го повредила ‘рбетот: Почина млада американска гимнастичарка

Американската гимнастичарка Мелани Колман (20) починала во неделата, откако неколку дена претходно на тренингот тешко се повредила.

Колман вежбајќи на разбој, во салата на универзитетот Јужен Конектикат, доживеала тешка повреда.

„Се беше случајно. Се случи нешто што не може секој да го разбере“, рекол нејзиниот тренер Томас Алберти.

Колман се здобила со тешки повреди на ‘рбетот.

„Нашите мисли и молитви се со семејството на Мелани. Ова е ужасна вест за нејзините тренери и колегите“, рекол Џеј Моран, атлетски директор на универзитетот.

Scroll to Top