Top Sport

Жиру ќе замине од Челси, се сели во Серија А

Оливие Жиру се согласил да го напушти Челси. Кариерата ќе ја продолжел во Италија кај поранешниот тренер Антонио Конте.

Францускиот репрезентативец, Оливие Жиру, речиси и да не добива шанса од новиот тренер на „сините“ Френк Лампард кој е решен целосно да го подмлади тимот. Жиру е трета опција во нападот на Челси, пред него се Тами Абрахам и Миши Батшуаи.

Поради тоа се согласил да го напушти тимот, а речиси е сигурно дека за сума од седум милиони евра ќе се пресели во Интер.

Антони Конте ги знае неговите квалитети, а исто така е во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Минатата сезона, кога Челси ја освоија Лига Европа под водство на Маурицио Сари, Жиру на 14 натпревари постигнал 11 гола. Во Премиер лигата во синиот дрес тој има скромен учинок само пет гола на 44 натпревари.

Scroll to Top