По завршувањето на Ју-ес опен, од следниот понеделник тенисот ќе добие нов број 1.
Данил Медведе со поразот од Ник Кирјос во осминафиналето, остана без титулата и без првата позиција на АТП листата.
Тројца можат да го преземат тенискиот трон од Медведев: Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз и Норвежанецот Каспер Руд.
Надал ќе биде број 1 ако стигне до финалето или доколку испадне во четвртфиналето, а ако стигнат до четвртфиналето, а доколку Алкараз или Руд не ја освојат титулата. Надал може до бројот 1 и доколку испадне во осминафиналето, но во тој случај Алкараз и Руд не треба да дојдат до финалето.
Алкараз ќе биде број 1 ако победи на Ју-ес опен, што би му бил прв Грен слем во кариерата. Може и во случај ако Надал загуби во осминафиналето, а тој го загуби мечот за титулата од кој било освен од Руд.
Руд ќе биде број 1 ако ја освои титулата во Њујорк, а Надал не стигне до финалето, или ако Надал не влезе во четвртфиналето, а тој доживее пораз во финалето од кој било освен од Алкараз.
Во осминафиналето Надал игра против Американецот Френсис Тијаво, 25. тенисер во светот. Алкараз го чека дуел со шампионот од 2014 година Марин Чилиќ, додека Руд ќе се соочи со Матео Беретини.