Top Sport

Надал е број 1 за 2017

Рафаел Надал по четврти пат го обезбеди првото место на АТП листата на крајот на годината, откако го совлада младиот Јужнокореец Хјеон Чунг со 7:5/6:3 во второто коло на Мастерсот во Париз.

31-годишниот Надал е најстариот број 1 на крајот на годината, и прв тенисер кој има над 30 години кој е на првото место на крајот на годината од воведувањето на компјутеризираниот рејтинг-систем во 1973 година.

Ова е само крунисување на фантастичната сезона за Надал, во која стигна до 10. титула од Ролан Гарос и третиот трофеј од САД опен и освои уште четири титули (Мастерс турнирите во Монте Карло и Мадрид, Барселона опен и Кина опен минатиот месец).

Шпанецот цела сезона беше вклучен во тесна битка со Роџер Федерер за првото место, откако досегашните „доминатори“ Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј имаа сезона одбележана со повреди и слаба игра. Федерер беше во игра да го замени Надал на првото место, меѓутоа во последен момент реши да се повлече од турнирот во Париз.

Scroll to Top