Најголемиот фаворит за освојување на титулата на Ролан Гарос, Рафаел Надал, лесно ја мина првата пречка на турнирот. Шпанецот за помалку од два часа го победи Германецот Јаник Хофман со 6:2, 6:1, 6:3.
Надал одигра меч според неговите стандарди, ретко грешеше и максимално ги користеше своите шанси. Фаворитот шест пати успа да му го одземе сервисот на Хофман.
Во второто коло Надал ќе игра против уште еден тенисер што на главниот турнир влезе преку квалификациите. Станува збор за Германецот Јаник Меден (114 на АТП листата).
Меден во првото коло беше подобар од Белгиецот Кимер Копејанс со 7:6, 7:5, 6:3.