Top Sport

Венгер посакува љубовната приказна да има среќен крај

Арсен Венгер со Арсенал, вечерва, ќе гостува кај Атлетико во Мадрид, во полу-финалниот реванш во Лига Европа. Ова ќе биде еден од последните натпревари на Венгер како менаџер на Арсенал, откако потврди дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

„Би сакал работата да ја завршам на добар начин“, рекол Венгер на прес конференцијата по повод дуелот со Атлетико.

Титулата во ова натпреварување ќе му овозможи на Арсенал наредната сезона да игра во Лигата на шампионите, бидејќи до клупската елита не може да дојде преку Премиер лигата.

„Верувам дека морам да останам посветен се додека сум тука. Кога ќе заминам од Арсенал сакам да знам дека до крајот сум бил фокусиран на мојата работа. Кога ќе заврши мојата работа во Арсенал, тогаш ќе видам што понатаму. Сега сакам оваа љубовна приказна да има среќен крај“, рекол Венгер.

Натпреварот на „Ванда Метролопитано“ ќе започне во 21:05 часот. По првиот натпревар во Лондон резултатот е 1:1.

Scroll to Top