Top Sport

Надал ги стигна Ѓоковиќ и Федерер

Рафаел Надал во неделата победи на Ју-Ес опен, освојувајќи ја 19 гренд-слем титула во кариерата. До титулата тој стигна во епското финале против Данил Медвдев, во пет сета и речиси пет часа голема борба.

Надал има 19 гренд-слем трофеи и вкупно 54 „големи трофеи“ во кариерата со што успеа да се израмни со своите најголеми ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Во „големи титули“ се бројат трофеите на гренд-слем турнирите, турнирите од Серијата 1.000 и завршниот Мастерс.

Ѓоковиќ, Надал и Федерер имаат освоено по 54 „големи титули“. Интересно Надал и Ѓоковиќ до 54 трофеи стигнале на 182 одиграни турнир, а на Федерер за 54 трофеи му биле потребни 231 турнир.

Scroll to Top