Top Sport

Надал: Ѓоковиќ е самиот одговорен за своите постапки

Рафаел Надал не чувствува големо сочувство кон својот голем ривал Новак Ѓоковиќ и неговата „сага“ околу влезот во Австралија, велејќи дека самиот си барал проблеми со тоа што не се вакцинирал и што се обидел да влезе во земјата со медицинска белешка.

Надал, кој е целосно вакциниран и во септември беше позитивен на КОВИД, веќе е во Австралија каде што се натпреварува на егзибицискиот турнир „Меблрун самер сет“ и по победата над Литванецот Рикардас Беранкис беше запрашан за коментар.

„Секако, тоа што се случува не е добро за никого, според мислење. Не можам да имам јасно мислење за ситуацијата бидејќи ги немам деталите. Но, поминав низ КОВИД, бев вакциниран двапати. Ако го направиш тоа, немаш проблеми да играш тука. Единствено што е јасно е дека ако си вакциниран можеш да играш на Австралија опен и насекаде во светот. Светот доволно страдаше“, вели 35-годишниот Шпанец.

Надал, шампионот од Австралија опен од 2009, вели дека ја сфаќа реакцијата на дел од Австралијците, кои беа бесни за првичната дозвола на Ѓоковиќ да дојде во Австралија.

„Могу семејства страдаа многу последните две години со пандемијата, и нормално е Австралијците да се фрустрирани, бидејќи издржаа долг локдаун и многу луѓе не можеа да се вратат дома. Според моето мислење вакцината е единствен начин да ја спречиме пандемијата. Ѓоковиќ си направи свои одлуки и секој е слободен да го прави тоа, но има некои последици. На некој начин ми е жал за него, но во исто време, тој ги знаеше условите пред повеќе месеци“, вели Надал.

Scroll to Top