Top Sport

Надал: Ѓоковиќ и Федерер се совршени тенисери

Рафаел Надал, поради повреда, во јуни ја заврши сезоната. Во периодот на рехабилитација, тој дал интервју за јапонскиот магазин Буншун. Надал, во интервјуто, им поделил комплименти на најголемите ривали, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Овие тројца во кариерите освоиле по 20 гренд слем трофеи.

„Новак е совршен тенисер, нема слабости. Успешен е на сите подлоги. Оваа година покажува неверојатна стабилност. Дури и кога не е во ритам, има енергија и чувството дека ќе победи . И Роџер е совршен играч. Модерниот стил на неговата игра е нешто вонсериско. На неговите противници им е тешко да предвидат што ќе одигра. Има толку многу варијации во играта“, рекол Надал.

Scroll to Top