Top Sport

Надал го декласира Кирјос за нова титула

Рафаел Надал ја освои шестата титула оваа година, откако во финалето на турнирот во Пекинг го декласира Ник Кирјос со 6:2, 6:1.

Откако во првото коло против Лука Пуи спаси две топки, Надал на останатите дуели делуваше супериорно и ја освои 75 титула во кариерата.

По дуелот со Пуи, Шпанецот славеше над Качанов, Изнер, Димитров и во финалето над Кирјос на кого му препушти само три гема.

Надал во првиот сет направи два брејка, а во вториот го демолира нервозниот противник. Кирјос се изнервира во првиот сет поради една спорна топка, започна да се расправа со судијата Мохамед Лајани, поради што доби две опомени.

Наградниот фонд на турнирот во Пекинг изнесуваше 3.028.080 долари.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top