Рафаел Надал го декласира Стан Вавринка на патот до пласманот во полу-финалето на Мастерс турнирот во Мадрид. Шпанецот победи со 6:1, 6:2 и во меѓусебните дуели ја зголеми предноста над Вавринка на 18-3.
Надал од самиот почеток го диктираше темпото, правеше малку грешки поради што на противникот му препушти само еден гем во првиот сет кој траеше 27 минути.
По слично сценарио се одвиваше и вториот сет, разликата е само што Шпанецот првиот брејк го направи во петтиот гем, а потоа сите останати гемови му припаднаа на Надал.
Во полуфиналето во Мадрид Надал за противник ќе го има Стефанос Циципас. Гркот во извонреден меч го победи Александар Зверев.