Top Sport

Надал го освои Акапулко, 15 години по првата АТП титула

Рафаел Надал третпат го освои Абиерто Мексикано турнирот во Акапулко, откако лесно со 6:3/6:3 го совлада Американецот Тејлор Фриц во финалето, преживувајќи ги 10-те асови на Фриц за да направи три брејка против 22-годишниот Американец.

„Не би можел да сум посреќен. Одиграв одличен турнир од почеток до крај. Акапулко беше првата голема титула која ја освоив во кариерата,така што е прекрасно што 15 години подоцна повторно ја освојувам. Благодарам што правите да се чувствувам како да сум дома“, вели Надал.

Светскиот рекет број 2 првпат ја освои титулата во 2005 година година, а беше шампион и во 2013 година, и сега има 20-2 скор на турнирот, откако оваа година не загуби ниту еден сет.

Фриц стигна до финалето по неверојатната победа над сонародникот Џон Изнер во која се врати од сет негатива и 2:4 во вториот сет, но против Надал немаше шанси во своето прво финале ов кариерата.

Scroll to Top