Top Sport

Надал го освои турнирот во Мелбурн

Рафаел Надал го освои АТП турнирот, од серијата 250, во Мелбурн. Шпанецот, по голема борба го победи домашниот тенисер, Максим Креси. Надал, во Мелбурн, ја освои 89. титула во кариерата.

Надал, кој во Мелбурн го одигра првиот турнир, по пауза од шест месеци, успеа да го освои трофејот. Оваа победа дополнително ќе му ја подигне самодовербата пред почетокот на Австралија опен.

Надал со 7/6, 6/3 го победи Максим Керси.

Шпанецот, во тај-брејкот од првиот сет, спаси сет топка. Потоа со три поени поведе со 1:0. Во вториот се соочи со брејк во првиот гем, веднаш го врати, а при резултат 4?3 го направи клучниот брејк за победа.

Надал, со триумфот во Мелбурн го урна рекордот на Андре Агаси, 19.сезони по ред тој освојува најмалку една титула.

Scroll to Top