Top Sport

Надал го откажа настапот на уште еден турнир

Рафаел Надал, освојувач на 22 Грен слем титули, се уште не се рехабилитар од повредата на колкот.
Шпанскиот тенисер беше поразен во второто коло на Австралија опен, а оттогаш го нема на теренот.

Надал неодамна мораше да го откаже настапот на турнирите во Доха и Дубаи, а како што стојат работите под знак прашалник е и неговиот настап на Мастерсот во Индијан Велс.

Тенисерот од Мајорка требаше да се појави на егзибицијата во „МГМ“ арената во Лас Вегас на 5. март, но го откажа и тој настап.

Таму требаше да се сретне со Карлос Алкараз, па тенисерот од Мурсија ќе игра со победникот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.

„Многу сум тажен што нема да можам да дојдам во Лас Вегас и да играм на овој голем настан со Карлос во Лас вегас. За жал, мојот процес на рехабилитација е таков што не е можно да бидам подготвен да играм тогаш. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и организаторите кои беа во контакт со мене во текот на целиот период, покажаа поддршка и имаа многу разбирање за мојата повреда“, објави Надал. .

Доколку Надал не може да игра на 5. март, прашање е дали ќе биде подготвен за Индијан Велс, кој започнува само неколку дена подоцна.

Scroll to Top