Рафаел Надал осигура дека ќе го заврши Вимблдон како светски тенисер број 1, откако лесно со 6:1/6:2/6:4 го „збриша“ Австралиецот Алекс де Минаур за пласман во четвртото коло.
Шпанецот влезе на турнирот како светски број 1 (но втор носител зад Роџер Федерер), но ќе му го предадеше првото место доколку загубеше пред четвртото коло. Сега дури и да загуби во следното коло, а Федерер го освои турнирот, Шпанецот останува број 1.
19-годишниот Де Минаур, кој дебитираше на Вимблдон, спаси пет брејк топки на стартот на мечот, и му создаде малку проблеми на Надал со силниот сервис, но двократниот шампион откако го направи брејкот, ја презеде контролата на мечот.
Следен за Надал е или 19. носител, Фабио Фоњини или Чехот Јиржи Весели – Надал има 11-3 скор против Фоњини, додека против Весели има играно само еднаш и тогаш излегол како победник.
Додека кај мажите главните фаворити мирно ја поминаа првата недела, во женска конкуренција во аут се првите шест носителки на турнирот, откако денеска загуби и првата носителка, Романката Симона Халеп.
Халеп, која на Ролан Гарос ја освои својата прва гренд слем титула, имаше меч-топка против Су-Веи Хсиех, но загуби со 3:6/6:4/7:5 за да ја остави само Каролина Плишкова од топ 10 фаворитките во ждрепката.
Фото: ЕПА