Роџер Федерер и Рафаел Надал изборија пласман во третото коло на Мастерсот во Рим. Претпалднево изненадување направи шпанскиот ветеран Фернандо Вердско со победата над Доминик Тим.
Надал експресно го победи Жереми Шарди. Шпанецот за 68 минути игра на францускиот тенисер му препушти само еден гем во двата сета.
Проблеми немаше ниту Федерер, кој за еден час и 21 минута со 6:3, 6:4 го победи Португалецот Жоао Соуза.
Големо изненадување направи Вердаско кој успеа да победи еден од фаворитите за титула, Доминик Тим. Шпанецот и Австриецот одиграа вистински маратон, а по два часа и 46 минути победи Вердсако. Шпанецот славеше со 6:4, 4:6, 7:5.
Пласман во третото коло во два сета обезбедија Кеи Нишикори 6:2, 6:4 против Американецот Тејлор Фриц, Марин Чилиќ 6:2, 6:3 против Германецот Јан-Ленард Штруф и Диего Шварцман 7:6, 6:1 против Алберт Рамос Винолас.