Top Sport

Надал и Федерер ќе играат тенис на „Сантијаго Бернабеу“?

Претседателот на Реал Мадрид, Флирентино Перез, планирал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ да организира тениски меч помеѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Како што пишува „АБЦ“, Перез го известил Надал дека има желба 80.000 луѓе да го гледа мечот на тенисерите кои имаат најмногу гренд-слем трофеи во историјата. Надал кој е голем навивач на Реал има 19, а Федерер 20 гренд-слем титули.

Доколку биде одигран овој меч ќе ги сруши сите рекорди на посетеност.

Актуелниот рекорд е во сопственост на Серена Вилијамс и Ким Клајстерс. Нивниот меч во Брисел го гледале нешто повеќе од 35.000 луѓе.

Инаку, овој рекорд, веројатно ќе биде соборен во февруари наредната година, кога Федерер и Надал ќе одиграат егзибициски меч во Африка, а кој треба да го гледаат 50.000 луѓе.

Се уште не познато кога Перез ќе го организира мечот на „Сантијаго Бернабеу“ но се претпоставува дека тоа ќе се случи кога 38 годишниот Федерер ќе замине в пензија.

Scroll to Top