Top Sport

Пешиќ има страшен тим, Дилејни потпиша со Барселона

Малком Дилејни е нов играч на Барселона, објави на своите профили на социјалните мрежи кошаркарскиот гигант од Каталонија. Американецот по пет години повторно ќе соработува со тренерот Светислав Пешиќ.

Дилејни и Пешиќ биле заедно во Баерн Минхен во сезоната 2013/2014. Таа сезона е прва што во Европа ја одиграл Дилејни.

Американецот во сезоната 2015/2016 година ја предводеше екипата на Локомотив Кубањ до пласманот на завршниот турнир во Евролигата. Погтоа се врати во САД, две сезони играшл во Атланта Хокс, а минатата сезона ја минал во Кина.

Дилејни е човекот кој што ќе треба да ги поврзе редовите на Барселона, која сезонава ќе биде најсериозниот кандидат за титулата во Евролигата. Пред Американецот во Барселона пристигнаа Никола Миротиќ, Алекс Абринес, Брендон Дејвис, Алекс Абринес и Кори Хигинс.

Scroll to Top