Top Sport

Надал и Ѓоковиќ сигурни, Тим и Димитров во аут во Рим

Рафаел Надал загуби само еден гол за да го совлада Дамир Џумхур на Италија опен, но Доминик Тим и Григор Димитров загубија рано.

Седумкратниот шампион од Рим, Надал со 6:1/6:0 го „смачка“ босанскохерцеговскиот тенисер за да постави дуел против Робин Хасе или Денис Шаповалов. Тој сега има 52-6 скор на турнирот на „Форо Италико“.

Новак Ѓоковиќ сврза две победи во низа со рутинска 6:4/6:2 победа над Грузиецот Николоз Басилашвили, за да постави дуел со Алберт Рамос-Вињолас, кој со 6:7(5)/7:6(2)/7:6(5) во драма го победи осмиот носител Џон Изнер.

Тим минатата недела во Мадрид го совлада Надал во два сета во четврт-финалето, но овојпат налета на мотивираниот локален херој Фабио Фоњини, кој го победи со 6:4/1:6/6:3. Димитров пропушти уште една шанса за добра подготовка пред Ролан Гарос, откако Кеи Нишикори успеа да го победи со 6:7(4)/7:5/6:4.

Фото: ЕПА

Scroll to Top