Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во четвртокот беше на лекарски прегледи и тестови.
За време на четвртфиналниот меч на Вимблдон имаше проблем со стомачните мускули. И покрај сите проблеми тој успеа да го победи Тејлор Фриц во четвртфиналето.
Прегледите покажале дека има кинење од седум милиметри на еден стомачен мускул.
„Марка“ наведува дека и покрај ова, сопственикот на 22 грен слем титули сака да игра против Ник Кирјос во полуфиналето.
Ова не е првпат Надал да се мачи со повреда на долниот дел на стомакот.
Таков проблем имаше на Ју-ес опен во 2009 година, како и на Мастерсот во Париз во 2018 година, а потоа и во 2019 година.
Надал утрово по лекарските прегледи од 13 часот и 30 минути на теренот број 10 тренирал со Марко Лопез.
Инаку, стомак го мачи околу една недела и, како што рече, болките се најголеми кога сервира.
Полуфиналето на Вимблдон, меѓу Рафаел Надал и Ник Кирјиос закажано за петок. Истиот ден Новак Ѓоковиќ ќе игра против Камерон Нори.