Top Sport

Надал избори полу-финале на Ју-Ес опен

Вториот светски рекет Рафаел Надал избори пласман во полу-финалето на Ју-Ес опен. Таму противник ќе му биде Италијанецот Матео Беретини.

Надал, инаку трикратен освојувач на трофејот во Њујорк, според прогнозите беше подобар од 20 носител Диего Шварцман. Шпанецот победи во три сета 6/4. 7/5, 6/2, но тоа не беше лесна победа бидејќи Шварцман жестоко се бореше за секој поен.

Аргентинецот во првиот и вториот сет успеваше да ја достигне високата предност на Надал. Во првиот сет тој ја стигна предноста од 4:0, а во вториот од 5:1.

Надал во полу-финалето ќе го има Матео Беретини. 23 годишниот Италијанец во пет сета и по три часа и 56 минути го победи Гаел Монфилс 3/6, 6/3, 6/2, 3/6, 7/5.

Scroll to Top