Top Sport

Надал ја заврши работата, Шарапова по луда битка во второто коло

Рафаел Надал го започна обидот да освои 11-та титула од Ролан Гарос со меч во два дена, откако во вторникот го комплетираше триумфот над Симоне Болели во три сета.

Светскиот број 1 победи со 6:4/6:3/7:6(9), откако дождот во понеделникот попладне го прекина мечот при 0:3 негатива за Надал во третиот сет.

Надал бргу израмни на почетокот во вторникот, но мораше да игра тај-брејк, во кој одбрани четири сет топки.

Поранешната двократна шампионка, Марија Шарапова исто така е во второто коло по 6:1/4:6/6:3 победа во луд меч од првото коло против холандската квалификантка Ричел Хогенкамп.

Првиот меч по две години во Париз (откако лани не и дадоа вајлд-карта за настап), почна одлично за Русинката, која дозволи сам одва гема за брзо 3:0 водство. По ова таа го комплетираше првиот сет за само 26 минути, а почна силно и во вториот со 3:1 водство, пред да почне драмата.

Хогенкамп направи неверојатен пресврт за да поведе со 5:4 и да го освои сетот. Играта на Шарапова почна да се „распаѓа“ и Холанѓанката поведе со 3:0 во третиот сет. Но, тогаш се покажа шампионското педигре на Русинката, која прво израмни на 3:3, а потоа со уште три гема во низа го комплетираше триумфот за помалку од два часа.

Светската тенисерка број 3, Гарбиње Мугуруза во дуел на две поранешни шампионки од Париз, беше убедлива и со 7:6(0)/6:2 ја совлада Русинката Светлана Кузнецова.

Канадскиот тинејџер, Денис Шаповалов имаше 32 победнички топки за да стигне до својата прва победа на Ролан Гарос, со 7:5/6:4/6:2 над Австралиецот Џон Милмен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top