Рафаел Надал нема да игра на Мастерсот во Мадрид. Оваа вест шпанскиот тенисер ја објави на својот Инстаграм профил.
„Како што знаете, сериозно се повредив на Австралија опен. Првично паузата требаше да трае шест до осум недели, а веќе минаа 14 недели. Реалноста е дека сме во ситуација во која никогаш не се надевавме дека ќе бидеме. Следев сè што кажаа лекарите, но работите не се развиваат како што ни кажаа и сме во тешка позиција“, вели Надал и додава:
„Неделите минуваат и се надевав дека ќе можам да играм на турнирите кои се најважни во мојата кариера како Монте Карло, Барселона, Мадрид, Рим и Ролан Гарос. Веќе ги загубив Монте Карло и Барселона и за жал, нема да можам да бидам ниту во Мадрид“.
Надал на крајот изјави дека се уште не знае кога ќе се врати на теренот.