Рафаел Надал признава дека на 12 години морал да направи одлука дали ќе игра тенис или фудбал, и сигурен е дека го направил вистинскиот избор.
Неговиот чичко, Мигуел Анхел Надал беше фудбалер на Барселона, додека другиот чичко, Тони Надал беше љубител на тенисот, така што шпанскиот тенисер имал шанса да се обиде во двата спорта.
Почнувајќи во сезоната 2003 како тенисер надвор од топ 100, 16-годишниот Надал освои три челенџер титули во првите три месеци, и една АТП титула во Барлета. Сепак, повредата на лактот го примора да го пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, пред да стане главниот ривал на Роџер Федерер.
Рафа објаснува дека целото негово семејство навивало за Барселона додека неговиот чичко играл таму, но дека кога заминал сите се „префрлиле“ на Реал Мадрид, чиј голем навивач останува и досега.
„Го избрав тенисот пред фудбалот на 12 години бидејќи бев подобар. Кога мојот чичко играше во Барселона, цело семејство навиваше за него. Но, претходно, повеќето беа навивачи на Реал Мадрид. Кога се врати во Мајорка во 1999 година, сите повторно бевме навивачи на Реал Мадрид“, вели Надал.